Белгискиот крал Филип ги прифати оставките на министрите од Новиот фламански сојуз (N-VA)

0
136

Во објавеното соопштение од белгискиот кралски дворец, се истакнува дека се прифатени оставките на министерот за внатрешни работи Јан Јамбон, министерот за финансии Јохан ван Овертвелд, министерот за одбрана Сандер Лонес, министерот за миграција и азил Тео Франкен и министерката без ресор одговорна за еднакви права и борба против сиромаштијата Зухал Демир.

Според Новинската агенција „Белга“, Меги Де Блок која ја извршува функцијата министерка за здравство ќе биде назначена за министерка за миграција и азил, потпретседателот на владата Александер Де Кро за министер за финансии, а министерот без ресор Петер Де Крем ќе биде назначен за министер за внатрешни работи.

Во веста се вели дека министерот за надворешни работи Дидие Рејнердс истовремено ќе ја извршува и функцијата министер за одбрана.

Инаку, поради владината криза во Белгија предизвикана од  Пактот на Обединетите нации (ОН) за миграцијата, националистичкиот Нов фламански сојуз (N-VA) соопшти дека се повлекува од коалиционата влада.