Во Романија почна да се прославува „Ден на македонскиот јазик“

0
175

Во Дипломатскиот клуб во Букурешт годинава првпат како  „Ден на македонскиот јазик во Романија“ се прослави 8 Декември, Денот на Свети Климент Охридски. На настанот присуствуваа високи претставници на романските државни институции, сенатори, пратеници, претставници на Друштвото на македоците во Романија и други поканети гости,  претставници на други национални малцинства, како и македонската делегација предводена од министерот за дијаспора, Едмонд Адеми.

Свое излагање, информираат од Кабинетотна Адеми, имаа пратеничката на Македонците во парламентот на Романија, Мариана Венера Попеску, министерот Едмонд Адеми, поранешниот министер за правда и надворешни работи на Романија и актуелен сенатор Титус Корлатеан, директорот на Агенцијата за иселеништво Никола Шалваринов, македонскиот амбасадор Габриел Атанасов и претседалката на Друштвото на македонците Лаура Елен Рогобете Кристеску.

Од излагачите беше констатирано дека Македонците во Романија претставуваат мост за соработка и зачувување на традиционалното пријателство меѓу двете земји и двата народи, како на институцинален така и на национален, културен, јазичен план, за вистинско зачување на националниот идентитет, култура и изворното зачувувањето на традицијата.

Министерот Адеми, нагласи дека Македонците во Романија, се мотивирани со верба во знаењата на Конески, но и од духовната упорност и од трпението на Свети Климент, како и од визионерството на Крсте Петков Мисирков и на целата редица македонски дејци и просветители, кои го одбранија заслуженото место на македонскиот јазик како посебност во светската ризница на јазиците.

Тој изрази надеж дека Денот на македонскиот јазик во Романија, ќе продолжи да биде традиционален настан секоја наредна година.

Повеќе на:fokus.mk