Видео снимки ја шокираа Франција: Студенти и ученици на колена

0
270

Францускиот министер за образование, Жан Мишел Бланкер, изјавил дека видеоснимките од апсењата на студентите во Франција се “шокантни”.

Контроверзните снимки беа објавени во четвртокот, со десетици ученици на колена и со раце над главата. Тука исто така се и комплетно опремени полициски службеници.

На видео кое беше направено во вторникот во Мант-Ла-Џоли во близина на Париз, се гледа група ученици како клечат на колена со рацете на главите, опкружени со полицајци со целосна опрема, чии лица не се гледаат од ски маските што ги носат како дел од опремата, пренесува АП.

Во една од снимките, се слуша полицаец кој вели “тука е класот која убаво се однесува”.

Бланкер денес бил запрашан да коментира за снимките, и како што рече, тие се шокантни.

Како што рече, трае “клима на екстремно насилство”.

Под ова ги подразбира протестите на “Жолтите елеци” кои траат три недели. За сабота е најавен можеби најголем протест. Се очекува дека околу 89.000 полицајци ќе бидат распоредени низ цела Франција.

Видеото се прошири на социјалните мрежи и предизвика лавина на критики на синдикатите и левичарските партии на сметка на полициската бруталност, објави агенцијата.

Студенти низ цела Франција се приклучија на протестите кои минатата недела во земјата се одржаа и протестираат поради реформата на образовниот систем.