Јусуф Ислам: „Муслиманите треба да ја обноват својата улога во светот“

0
224

Познатиот британски музичар, поет и предавач, Јусуф Ислам, денес изјави дека муслиманскиот свет треба да го развие сопственото чувство на самодоверба и амбиција, јавува Anadolu Agency (AA).

„Тешко е да се најде муслиманска земја која произведува сопствени авиони, автомобили или телевизори“, изјави Ислам, познат и како Кет Стивенс, зборувајќи на Светскиот халал самит 2018 во Истанбул.

„Муслиманскиот свет ја изгуби својата улога како глобален учител на брилијантната порака на Куранот“, додаде тој.

Тој изјави дека во муслиманските земји доминира мислата која е сосема непозната на филозофијата на исламот.

„Многу училишта денес ги подучуваат младите на брилијантни работи, технологии, но каде е тука Бог, каде е Алах“, рече Ислам.

Тој изјави дека муслиманите треба да излезат од носталгијата од нивните минати слави и да инвестираат во себе.

Ислам, кој започна со својата музичка кариера во шеесеттите години на минатиот век, го прифати исламот во 1978 година. Тој има ланец на училишта и хуманитарни институции.

Четиридневниот Светски халал самит и изложба кои во Истанбул започнаа денес, се организирани под покровителство на Кабинетот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

На изложбата и на Самитот присуствуваа повеќе од 500 купувачи, 250 изложувачи, академици и експерти од Средниот Исток, Западна и Централна Европа, Балканот и Африка.