Роналдо прв фудбалер кој остварил 100 победи во Лигата на шампиони

0
201

Јувентус синоќа со резултат 1: 0 запиша вредна победа во Лигата на шампионите против Валенсија, а Кристијано Роналдо собори уште еден рекорд од најсилното европско клубско натпреварување.

Португалскиот играч синоќа стана првиот играч кој остварил 100 победи од Лигата на шампионите, според агенцијата на Анадолу (АА).

Благодарение на триумфот, Јувентус собори клубски рекорд, и за прв пат во историјата, пет-ти пат во историјата се пласираа во осмина финалето од Лигата на шампиони.

Роналдо во досегашната кариера освои пет пати трофеј од Лигата на шампионите, еднаш со Манчестер Јунајтед и четири пати со Реал Мадрид, од каде ова лето пристигна во Јувентус.