Без коментар – Најдоброто видео за актуелните настани во Франција на најскапата авенија во Париз

0
197

Видеото направено од независниот француски новинар Винсент Лапиер, на многу објективен начин, ја покажува ситуацијата на улиците на Париз. Од видеото можеме да видиме дека демонстрантите не припаѓаат на опскурната група АНТИФА, која се обидува со разбојнички акции да ги дискредитира сегашните протести. Демонстрантите се незадоволни од фискалниот подарок на Макрон од скоро 5 милијарди евра за најбогатите чиј годишен приход е повеќе милионски. Цената на овој подарок треба да ја платат сите преку зголемување на цените на горивото. Мејнстрим медиумите се обидуваат со сите сили да ги оцрнат протестите и демонстрантите тврдејќи дека зад нив се наоѓаат ултра радикалната десница и левица, мислејќи на Марин Ле Пен и Жан-Лук Меленхон. Политичките настани во Франција многу јасно кажуваат дека не се работи за никаков радикализам. Фискалниот подарок на Макрон е само поттик за протести против лошите економски и социјални политики кои се одвиваат со децении. Ова е борба против падот на куповната моќ на обичните луѓе кои го експлоатираат финансискиот сектор. Сите шанси се дека ова е за почеток на нешто поголемо. Протестите можат да престанат, но доцнењето ќе биде кратко.

Извор:Logicno