Во интервју за РТ, политичкиот аналитичар Станислав Тарасов ја објаснил причината зошто САД сакаат и планираат да постават набљудувачки места во северна Сирија, под било кои изговори, што предизвика загриженост во Турција.
Според него, американската страна би сакала “да влезе во зоната на контрола на Анкара и со тоа да го ослабне геополитичкото влијание на Турција во Идлиб и на север од Сирија, во регионот од Африн до Џарабулис и Манбиј”.
“Американците, кои флагрантно го кршат меѓународното право, распоредуваат сили во сириските провинции источно од Еуфрат и ги поддржуваат сириските Курди. Сега тие се обидуваат да ги прошират своите пипци и да воспостават контрола над целиот северен дел од Сирија. Турција може да го смета како обид на Вашингтон да го ограничи незиното влијание и активности во таа област “, објасни Тарасов.
Станислав Тарасов, исто така, додал дека: “турската страна веројатно нема да постигне никаков договор со Американците по ова прашање”.
Претходно турскиот министер за одбрана, генерал Хулуси Акар, рече дека одлуката на Соединетите Држави да воспостави набљудувачки места во северна Сирија ќе ја усложни ситуацијата во регионот.
Покрај тоа, дури и под претпоставка дека Вашингтон и Анкара ќе склучат таков аранжман, што е речиси невозможно, неверојатно е како Пентагон има кратко сеќавање и не се сеќава на епизодите кога мала група членови на американските специјални сили влегоа во Ал- Раи во северна Сирија, кога припадниците на протурските групи го нападнаа оружјето, и бараа веднаш да си заминат од тие делови, викајќи по нив дека се “неверници“ и “крстоносци“.
Во тоа време, американските војници беа спасени од еден од исламски командант, кој преку радиоврска од возило за итна помош комуницирал со “некои“ и наредил да се отвори пат за повлекување на американските вијници. Значи, Турција никаде не може да на американските војници да им гарантира целосна безбедност, така што е бесмислено да се зборува за таков договор, а единствената област каде што американските војници се безбедни е она кое е под контрола на Курдите и пустините на Ал-Танф на триаголникот на Сирија, Ирак и Јордан. Веројатно одредено ниво на безбедност може да ужива во област што ја поседува ИСИЛ, но во зависност од групата остатоци на калифатот и моменталното расположение на нивните команданти.
ВИДЕО – “блиска средба” на протурските приврзаници со американски војници во септември 2016 година во Ал-Раи.










