Израелските сили оваа година убија 52 млади Палестинци на Западниот брег и појасот Газа.

Организацијата за меѓународна одбрана на децат (ДЦИ) соопшти дека од јануари во појасот Газа, 46 палестински деца загинаа во израелските напади и шест на Западниот Брег.

Во соопштението се наведува дека израелските сили против деца користеле прекумерна сила и муниција, и дека 18 од 52 убиени деца биле погодени во главата.

Малолетните лица често присуствуваат на мирните демонстрации “Големиот марш за враќање”, кои Палестинците во појасот Газа ги организираат од 30-ти март. Сепак, децата се мета на израелските сили.

Последна помала жртва на израелски напади во Газа е Насир Мусабих, 12-годишно момче, кое било убиено од снајперист.

Податоците на ДЦИ покажуваат дека израелските сили убиле 2.070 палестински деца од 2000 година.

Податоците од здружението на палестински затвореници покажуваат дека во израелските затвори има 350 палестински деца.

Извор:(Vijesti / AA)