Прифаќањето на примирјето целосна капитулација

0
268

Одлуката на Израел да прифати неформален прекин на огнот со Хамас, министерот за одбрана во оставка Авигдор Либерман, ја опиша како “целосна капитулација”.
Либерман вчера официјално поднесе оставка поради прекинот на огнот, а тиражниот весник Jediot ahronot пренесе дека тој наместо примирје се одлучи за казнени воздушни удари “без потреба за копнен напад” во Газа.

Прекинот на огнот беше постигнат со посредство на Египет после два дена од прекугранични судири меѓу Израел и Хамас, предизвикани од неуспешниот упад од страна на припадниците на израелските одбранбени сили на југ од појасот Газа.Заради повлекувањето на Либералната националистичка партија од владејачката коалиција, таа остана со само 61 пратеник од 120 во израелскиот парламент, така што може да се очекуваат предвремени избори.

Денес, Нетанјаху ќе се состане со министерот за образование, Нафтали Бенет, кој сака да биде назначен за министер за одбрана, наместо Либерман и се заканува дека во спротивно ќе ја урне владата.

Во меѓувреме, Нетанјаху не е само премиер и министер за надворешни работи, туку е и привремено задолжен за Министерството за одбрана.