Американскиот портал Defense News наведува дека европските земји членки на НАТО, поради несоодветната брзина на трансферот на војници и опрема на “потенцијалниот источен фронт”, однапред мора да им дозволат на сојузниците да ги преминат границите и воздушниот простор.
Во практика, тоа би значело прескокнување на парламентарните и уставните процедури на европските членки на НАТО, од кои на многуте членки за ваквото префрлување на војници и единици со воена опрема им треба одобрение од владата или парламентот.
Според шефот на Меѓународниот воен штаб на Пактот на НАТО, генералот Јан Брукс, “од воена гледна точка, движењето на војниците не е доволно брзо”.
Во статијата се наведува дека земјите-членки на НАТО мора да “најдат начини да ја сносат тежината на воената опрема, да го зголемат капацитетот на клучните пристаништа или да ги поправат застарените железници”.
Сепак, овие барања од седиштето на Северноатлантскиот договор се слушаат повеќе од една година, иако националните влади бараат големи инвестиции во транспортната инфраструктура, која треба да се прилагоди на воените потреби.
Новина во извештајот на генерал Брукс бара земјите што учествуваат во воениот блок да им дадат дозвола на сојузниците што е можно поскоро да ги преминат нивните граници и воздушниот простор.
Шефот на Воениот штаб на ЕУ, Есе Пулккинен, истакна дека овие правни прашања делумно се во рацете на ЕУ, а делумно во надлежност на земјите-членки на организацијата.
Генералот Брукс не е задоволен и посочи дека, според упатствата од 2016 година, за дозволата за премин во одредени земји треба да се чека “недели и месеци”.
“Кога размислувам за брза мобилност во воздухот, тоа е многу критичен елемент. Во овој момент, тоа е процедурален елемент и кога не би оделе низ процедурите, тогаш ќе имаме побрза мобилност во воздухот. Ние тоа во Европа го контролираме, но сепак треба да одиме на нациите бидејќи тоа е нивни воздушен простор “, заклучува генералот Јан Брукс.
Извор: Defense News










