Договорот за испорака на системот С-400 на Индија потпишан во руски рубљи

0
244

За време на посетата на Индија во почетокот на октомври, руската и индиската страна потпишаа договор за финална продажба за рускиот систем С-400 на идниската армија. Во тоа време беше неофицијално најавено дека исплатата ќе се изврши во индиски рупии.

Сепак, се дознава дека договорот за купување на против-воздушните системи С-400 од страна на Индија потпишан бил со плаќање во руски рубли, потврди од рускиот заменик-премиер Јуриј Борисов.

Претходно беше објавено дека Русија, со своите партнери во воено-техничката соработка, ќе се префрли на комерцијални трансакции во националните валути наместо доларот.

Владимир Путин и индискиот премиер Нарендра Моди постигнаа прелиминарен договор за испорака на С-400 системот во октомври 2016 година, а финалниот договор беше потпишан на почетокот на октомври оваа година во Њу Делхи.

Купувањето на пет пакувања на  С-400 ќе ја чини Индија 5,43 милијарди долари. Њу Делхи, по Кина и Турција, е трет купувач на рускиот систем С-400.

Покрај овие системи, се очекува Индија да купи две фрегати од класата Projekt 1135  вредни 2,2 милијарди долари, исто така во националните валути, а според меѓувладиниот договор, Русија и Индија започнаа заедничко производство на пушки АК-103 во Индија.

Изор:logicno