Шефот на данските разузнавачки служби, Фин Борх Андерсен, го обвини Иран дека планирале да извршат атентат на опозицискиот опозицискиот арапски ирански актер на просторот на Данска. После овие информации, Копенхаген го повлече својот амбасадор од Техеран.
Сепак, Иран целосно ја отфрли одговорноста – портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Бахрам Касеми, соопшти дека станува збор за заговор против Иран и зајакнувањето на иранските односи со европските земји.
Норвежанец од иранско потекло беше уапсен на 21 октомври под обвинение за вмешаност во планирањето на атентатот. Идентитетот на уапсеното лице не беше откриен, но се наведува дека истиот ја отфрла одговорноста.
Кој беше наводната цел? Станува збор за висок член на организацијата АСМЛА (Арапското движење за ослободување на Ахваз) – организација на етничките Арапи во Иран, која бара воспоставување на независна држава во западниот дел на Иран. Идентитетот на наводната цел, исто така, не е откриен.

Потсетиме, во септември оваа година, беше извршен голем терористички напад во Иран за време на воената парада, при што загинаа 25 лица. Потоа, Иран ја обвини Данска, Холандија и Велика Британија за обезбедување засолниште на припадниците на милитантната група АСМЛА, кја ги обвини дека стојат зад нападот. Инаку, одговорноста за нападот во Иран ја презедоа неколку арапски групи, но исто така и од ИСИЛ, но никој не даде конкретни докази за овие тврдења.
Извори:BBS| PressTV










