Ефикасна администрација или послушни кадри?

0
257

По најавите на надлежните за реформи во администрацијата без отпуштања на вработени, а преку реорганизација на институциите, експертите оценуваат дека ефект може да се постигне само доколку се поставуваат „вистинските луѓе, на вистинските места“.

За експертите не се невозможни, но се голем предизвик реформи во јавната администрација без отпуштања, а преку намалување и реорганизација на институциите, кои министерот за администрација и информатичко општество Дамјан Манчевски деновиве ги најави. Упатените во оваа област велат дека радикални мерки во администрацијата се невозможни, но дека реформите мора да бидат фокусирани врз поставување професионални кадри кои ќе ги имаат потребните вештини за работното место.

Не може секој да влезе во службите на јавната и државната администрација, ако не ги исполнува потребните критериуми, според подготовката, положените испити, напредување во службата итн. Ако се воспостави тој нов систем за кој актуелниот министер е оптимист, тогаш не треба премиерот Зоран Заев да биде на чело на комисијата за спроведување на тие реформи, туку професорите, експертите да се ангажираат таму каде што ќе има вистински промени и нов ред во јавната администрација”, вели професор Јонус Абдулау од Универзитетот на Југоисточна Европа.

И Темелко Ристески, професор по јавна и државна администрација на ФОН, вели дека реформите ќе бидат успешни, само ако се базираат врз трите принципи кои треба да ги поседува работникот: стручност, мотивираност и почитување на етичките вредности во работењето.

„Администрацијата може да биде ефикасна ако вистинските луѓе бидат поставени на вистинско место. Човек којшто знае, којшто умее и сака да работи може да биде ефикасен во работењето. Само чесен човек може да е ефикасен, а корумпираниот не. Тој ќе трча по заработка и тука не можеме да зборуваме за ефикасна администрација”, вели Ристески.

Ристески додава дека „болните“ реформи не се пожелни. Тој смета дека отпуштањето вработени од институциите би предизвикало социјални последици.

Повеќе на РСЕ