„Јавниот форум меѓу Русија и Турција ќе се одржи во период од 1 до 4 ноември во турскиот медитерански град Анталија“, јавува Anadolu Agency (AA).
Сергеј Марков, генералниот секретар на Руско-Турски форум, за време на сесијата на руските и турските експерти изјави дека на форумот ќе се дискутира за основните проблеми и ќе се понудат можни решенија.
„Прво прашање на агендата е прашањето за визите. Постои сериозен диспаритет во оваа област. И ова е едно од клучните прашања што турската страна постојано ги започнува“, изјави Марков.
Тој понуди префрлување на е-виза и издавање визи на аеродромите во првата фаза, а потоа отстранување на условите за виза за турските граѓани.
„Следното прашање на агендата е перцептивниот проблем“, изјави Марков.
„Постои феномен, познат како руско-турски информациски парадокс. Руските медиуми пишуваат за Турција базирано на она што го читаат од западните медиуми, а истиот случај е и со турските медиуми. Изгледа како да гледаме едни на други преку објективот на западните медиуми и тој одраз е често искривен“, изјави тој.
„Овој парадокс може да се реши брзо“, изјави Марков, отворајќи ги вратите за дописниците од двете земји.
„Засега, Anadolu Agency е единствената голема турска медиумска агенција која има канцеларија во Москва“, изјави тој.
„Другиот фактор е поврзан со експертите кои водат тинк-тенкови главно финансирани од западните институции, кои можеби манипулираат со јавното мислење“, додаде Марков.
За време на форумот ќе биде дискутирано и за изучувањето на заедничка историја.
„Руско-турските односи имаат долга и комплицирана историја. Проблемот тука е дека акцентот е на конфликтните периоди. Јас би предложил да развиеме балансиран став за конфликтните периоди за нивно изучување во училиштата, дека тоа е точно, но да не предизвикува негативни чувства меѓу претставниците на двете земји. А во исто време да се нагласуваат и периодите на позитивен развој“, изјави Марков.
Форумот е формиран од страна на рускиот претседател Владимир Путин и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во 2013 година. Негова главна задача е да ги прошири и продлабочи руско-турските односи. Резулатите од сесиите на форумот се пренесуваат директно до двајцата лидери.











