Расте бројот на жртвите од невремето во Италија

by Administrator

Бранот на лошо време што ја погоди Италија во неделата, однесе седум животи и предизвика затворање на многу училишта, а водата во Венеција  достигна рекордно ниво во Венеција.

Две лица ги загубија животите кога дрво паднало врз нивниот автомобил во близина на Рим, а друго лице починало на сличен начин во Терачини, на брегот јужно од Рим.

Младо момче починало кога дрво на среде улица паднало врз него во близина на Неапол, соопштија властите, а еден постар човек починал од паѓање на дел од фасада на северозападниот дел во близина на Савона. Уште едно лоце се води за исчезнато.

Околу три четвртини од Венеција е поплавено, бидејќи силниот ветер го подигна нивото на водата до 156 сантиметри, велат официјалните претставници.

Венеција е позната по поплавите кога силните ветришта дуваат во водата од лагуната, а се вели дека нивото на водата денес е највисоко од декември 2008 година, објави АП.

https://twitter.com/jamesrbuk/status/1056674376685416448?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1056674376685416448&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.cdm.me%2Fsvijet%2Fevropa%2Fraste-broj-zrtava-nevremena-u-italiji-venecija-pod-vodom%2F

 

Последен пат нивото на водата достигна 160 сантиметри во декември 1979 година.

Градоначалникот на Венеција, Луиџи Брунџаро, изјави дека се подигнати голем број подводни бариери во лагуната наречена Мозес, која треба да ги спречи поплавите.

Според него, овој проект е планиран долго време, а изјавил дека, исто така, побарал итна средба со премиерот Џузеппе Конте за да му ја покаже важноста на проект кој би го спречил порастот на нивото на морето.

Не само во Венеција, туку низ цела Италија, предупредувањата за поплави се случуваат поради поројните дождови, а проблемот се влошува поради неуспехот да се одржуваат речните корита.

Гувернерот на регионот Венето, Лука Заја, изјави дека поплавите би можеле да го достигнат нивото од 1966 година, кога најранливите беа Венеција и Фиренца.

You may also like