(Фото/Видео) ТУРЦИЈА: Свечено отворен најголемиот аеродром на светот.

0
347

Денес, во Истанбул на Денот на Република Турција, по повод одбележувањето на 95-годишнината, официјално беше отворен новиот аеродром, проектиран како најголем во светот.

На отворањето присуствуваа турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган и повеќе од 50 странски официјални претставници од дваесет земји, како и Македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов.

Новиот аеродром “Istanbul Yeni Havalimani”, покрај  “Ататурк” и “Сабиха Гекчен”, е трет аеродром во тој град а со полн капацитет ќе работи од крајот на годината.

Изграден е на европската страна на Истанбул, 35 километри северно од градот, а кога е целосно ќе биде завршен, ќе биде најголемиот аеродром во светот.

Три пати поголема од аеродромот во Франкфурт

Работите започнаа во јуни 2014 година и ја завршена е првата од четирите фази на изградба.

Предвидено е дека аеродромот може да добие 90 милиони патници по првата фаза.

Останатите фази на изградба ќе бидат завршени до 2023 година, кога аеродромот со шест одделни писти од 500 авиони ќе може да прифати 200 милиони патници годишно. Исто така, ќе има 70.000 места за паркирање.

Турскиот претседател Ердоган на свеченоста на отворањето на аеродромот соопшти дека името на новиот аеродром е „Аеродром Истанбул“.

„Посакувам новиот ‘Аеродром Истанбул’ да биде од корист за светот, регионот и за нашата земја“, истакна Ердоган.

Турскиот претседател рече дека аеродромот „Ататурк“ ќе продолжи да ги пружа своите услуги како Саем за воздухопловство и за голем број други активности.

Тој додаде дека кога ќе се завршат сите фази од изградбата, Аеродромот Истанбул ќе опслужува 150 милиони патници, а доколку е потребно капацитетот ќе се зголеми на 200 милиони.

[embedyt] https://www.youtube.com/watch?v=JTvjhHt6AOM[/embedyt]