Израелските авиони ја бомбардираа Газа

0
189

Израел во синоќешните часови започна воздушни напади врз некои позиции во Газа, под изговор дека кон израелската страна се лансирани ракети од Појасот Газа која е под блокада, пренесува Anadolu Agency (AA).

Во писменото соопштение на израелската војска се наведува дека израелските воени авиони и хеликоптери погодија 80 цели на Хамас во Газа.

Според ова соопштение, овие напади се извршени како одговор на ракетите за кои се вели дека се лансирани од Газа.

Во соопштението се вели дека од вчераноќ од Газа во Израел се лансирани 30 ракети, од кои 10, наречени „Demir Kubbe“, биле неутрализирани од страна на воздушните одбранбени системи на војската, додека повеќето од останатите ракети паднале на празни зони.

Портпаролот на палестинското Министерство за здравство во Газа, Ешреф ел Кудра, писмено соопшти дека како резултат на воздушниот напад на Израел извршен во една воена точка близу индонезиската болница во северниот дел на Газа, настаната е штета во оваа болница.

Кудра го осуди овој напад и упати апел до меѓународните организации за заштита на здравствените институции и нејзиниот персонал во нападите на Израел во Газа.

Очевидците истакнаа дека некои лица се здобиени со лесни повреди како резултат на нападот близу болницата.

Палестинските здравствени извори во Газа соопштија дека досега нема жртви во бомбардирањата на Израел.

Движењето Исламски џихад соопшти дека групите на отпорот нема да останат со врзани раце против масакрирањето на невините цивили во Израел.

Во соопштението на ова Движење се наведува дека неколкупати е упатено предупредување цивилите да не се земаат за цел, но дека окупаторските сили продолжуваат да играат со животите на луѓето кои се под блокада.

Инаку, пет Палестинци го загубија својот живот како резултат на отворање оган од страна на израелските војници за време на вчерашните демонстрации во Газа, додека 180 Палестинци беа повредени, од кои повеќето се погодени со вистински куршуми.