Турските обвинители ja започнаа постапка за екстрадиција за 18 саудиски државјани осомничени за учество во убиството на новинарот Џамал Кашоги во конзулатот на неговата земја во Истанбул.
Два дена пред doa]awe na главниот саудиски државен обвинител дошол во Турција, обвинителството во Истанбул им ги предаlo имињата на осумнаесетмина осомничени за “учество во планираното убиство”.
Сепак, Министерството за правда објави дека списокот е препратен до Министерството за надворешни работи, со што барањето за испорачување упато до Ријад по официјален пат.
Саудиските власти објавија на 20 октомври дека уапсиле 18 лица – 15 членови на саудиска група осомничени за убиство на новинарот и тројца и тројца вработени во конзулат, за кој тврдат дека ќе им судат.
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во вторникот ги повика осомничените да бидат судени во Истанбул, а не во Саудиска Арабија, иако злосторството го направиле Саудијци во кругот на саудискиот конзулат.
“Барањето за екстрадиција е мотивирано од фактот дека Кашоги бил убиен од страна на саудиските државјани во Турција, кои со таа намера допатувале во Турција”, изјави висок турски официјален претставник кој сака да остане анонимен.
