Во обвинението се наведува дека дел од проневераните пари биле наменети за субвенции за сиромашните и за буџетот за управување со аеродромот, ама не обезбедиле детали
Поранешниот малезиски премиер Нарзиб Разак и неговиот министер за финансии сега се обвинети за проневера на 6,64 милијарди рингити (1,6 милијарди долари), додека поранешниот шеф на разузнавачката служба е обвинет за незаконско одземање на повеќе од 12 милиони долари.
Шесте нови обвиненија против Разак додадени се на досегашните 32 точки од обвинението за корупција, прекршување на довербата и перење пари, поврзани со кражбата од милијарди долари од државниот инвестициски фонд.
И Разак и поранешниот министер за финансии, Мохамед Ирван Сегигар Абдула, се изјаснија за невини за проневера на државните пари, меѓу декември 2016 и декември 2017 година.
Обвинението наведе дека дел од проневераните пари се наменети за субвенции за сиромашните и за буџетот за управување со аеродромот, но не дадоа детали.
Адвокатот на Разак ги нарече обвинувањата “глупави”, тврдејќи дека парите само се пренасочиле за итни потреби.
Поранешниот шеф на странска разузнавачка служба, Хасан Абдул Хами, се изјасни дека не виновен за незаконско присвојување на 12,1 милиони долари непосредно пред изборите, на кои коалицијата на Разак ја изгуби власта.
Сите тројца се на слобода до судење.











