Полицијата запленила друг сомнителен пакет адресиран на Џо Бајден

by Administrator

Полициски службеник денес изјави дека уште еден сомнителен пакет адресиран на поранешниот потпретседател Џо Бајден, била запленет во поштенска зграда во Вилмингтон, Делавер.

Официјалниот претставник изјави дека пакетот ги има истите обележја и карактеристики на претходните сомнителни пакети испратени до други истакнати членови на Демократската партија.

Тој изјавил дека уште еден пакет упатен до Бајден, исто така, беше пронајден во четвртокот наутро, во Поштенскиот центар во New Castleu, во Делавер.

Службеникот не бил овластен јавно да дискутира за тековната истрага која е во тек и да разговара со Асошиетед прес под услов да остане анонимен.

Неколку пакети со импровизирани експлозивни направи се запленети во претходните денови. Тие беа испратени до поранешниот државен секретар Хилари Клинтон, поранешниот претседател Барак Обама, Си-Ен-Ен и други.

Одделот за разоружување на Њујорк денеска, исто така, го неутрализираше сомнителниот пакет упатен до актерот Роберт Де Ниро.

Извор:(Vijesti/ ФЕНА)

You may also like