Турскиот министер за одбрана, Хулуси Акар, денес (25-ти октомври) изјави дека руските ракетни системи С-400 ќе започнат да се распоредуваат на турската територија во октомври 2019 година, посочувајќи дека веќе започнало избирање на војниците кои ќе ги опслужуваат. Овие војници ќе бидат испратени на обука во Русија на почетокот од 2019 година, изјавил турскиот министер, а веста беше објавена од страна на турскиот медиум Milliyet.
Потсетуваме дека на почетокот на октомври, за време на посетата на рускиот претседател Владимир Путин на Индија, двете земји потпишаа финален договор за испорака на ПЗО и ПРО С-400, во вредност од повеќе од 4 милијарди долари. Претходно, овие системи ги доби (купи) уштеи Кина. САД се спротивставуваат на продажба на рускиот С-400 во Индија, а особено на Турција, членка на НАТО. На Анкара и`се заканува Вашингтон дека ќе и` наметне санкции ако Турција го купи рускиот С-400, а Конгресот веќе ги блокираше предвремените испораки на авионите од 5-тата генерација Ф-35 на Турција како предупредување. Сепак, Анкара остана на својот став, како што беше потврдено со денешните вести.
Извор:geopolitikanews











