Повеќе од 20 лица се повредени откако подвижни скали излегле од контрола во метрото во Рим, објави Би-Би-Си.
Видеата објавени на социјалните мрежи покажуваат како скалите се движат со неконтролирана брзина, додека луѓето паѓаат на нивното дно. 20 луѓе се повредени, а, воглавном станува збор за навивачи на ЦСКА од Москва кои пристигнале во Рим за натпревар против Рома.
Еден од навивачите останал без стапало и најмалку две лица бил подложени на операција за повреда на нозете.
Италијанските власти започнаа истрага за овој инцидент.
[embedyt] https://www.youtube.com/watch?v=yDhsK1L6JaY[/embedyt]










