Саудискиот принц Мохамед бин Салман изјави дека неговата земја ќе соработува со Турција во врска случајот со убиството на новинарот Џамал Кашоги, јави агенцијата Анадолу (АА).
“Ќе соработуваме со Турција за да ја откриеме вистината за убиството на Кашоги”, изјавил Саудискиот принц Салман во панел-дискусијата на инвестициската конференција одржана во Ријад.
“Владите на двете земји ќе покажат соработка со цел да ги казнат сторителите”, додал тој.
Тој, исто така, нагласи дека има страни кои сакаат да доведат до несогласување меѓу неговата земја и Турција.
“Некои, користејќи го овој тажен настан, сакаат да наметнат раздор меѓу Саудиска Арабија и Турција. Сакам да им пренесам од тука: нема да успеат се додека во Саудиска Арабија кралот кој се вика Салман бин Абдулазиз, принцот Мохамед бин Салман и во Турција претседателот Ердоган”, изјавил саудискиот принц Салман.
На споменатиот панел се обратиле и принцот на Бахреин Салман бин Хамад бин Иса Ал Калифа и либанскиот премиер Саад Харири.











