По инцидентот со рускиот авион на сириско небо, Русија презеде “заострен став” за активностите на израелските воздухопловни сили во Сирија, пишува Хаарец. Промената на балансот на моќта во регионот, најверојатно, ќе предизвика израелските воздухопловни сили да бидат повнимателни во изборот на цели за нападот, бидејќи во воздухопловството сватиле дека повеќе нема “руско попуштање”, пренесе израелскиот весник.
Во последниве недели, Русија презеде “цврст став” во врска со активностите на израелските воздухопловни сили во Сирија. Руските власти бараат понатамошна координација со израелските сили преку телефонска линија воспоставена за да спречи две страни да се судрат во воздухот. Покрај тоа, имало неколку случаи кога руските радари во Сирија беа активирани поради израелските воздухопловни активности во северниот дел на земјата, продолжува Хаарец.
Според израелскиот весник, израелското однесување на Русија се смета за одговор на инцидент со рускиот авион Ил-20, кој беше соборен на 17 септември. Сепак, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и министерот за одбрана, Авигдор Либерман, минатата недела изјавија дека “Израел ќе продолжи со воените операции во Сирија за да го спречи зајакнувањето на Хезболах”.
Од Русија, пак, известија дека ракетните системи С-300 беа испратени во Сирија со голема можност за откривање цели. Покрај тоа, беше кажано дека системите во почетната фаза ќе бидат водени од руски експерти. Според Хаарец, поради присуството на руската војска, Израел ќе биде потешко да ги нападне ракетните системи, дури и ако од нив врз израелскте авиони бидат лансирани проектили.Меѓутоа, освен доставувањето ново оружје во Сирија, Русија презема важни чекори во јавното и дипломатското поле, пишува Хаарец во една статија: “Москва му испраќа сигнал на Израел дека има намера да ја ограничи слободата на нејзините маневри на сириското небо”.
Според Хаарец, по инцидентот со рускиот авион Ил-20, Русија реагираше “без ентузијазам” на предлогот на израелската страна за свикување на самитот за да разговараат за она што се случило. Москва се ограничи на прифаќање на израелската делегација под водство на генералот Амикама Норкин, командант на израелските воздухопловни сили.

Како што е наведено во статијата, овој состанок не помогнал во решавањето на несогласувањето. Русија ја отфрли верзијата на настанот што ја претстави Израел и го презентираше, радикално различен од верзијата на другата страна. Според авторот на статијата, “претставниците на Израел веруваат дека Русија ги фалсификувала радарските слики само за да го обвини Тел Авив за инцидентот”.
“Иако чекорите што ги презеде Русија нема да го спречат израелското бомбардирање во Сирија, промените најверојатно ќе го принудат Тел Авив да ја преиспита политиката што ја спроведува во текот на последните неколку години”, вели авторот.
“Успехот на разузнавачките служби и израелското воздухопловство придонесоа за преиспитувањето на владата дека Израел може да направи речиси ништо во Сирија”, вели Хаарец.
Според авторот, до инцидентот со рускиот авион Израел како да не ги сфатил промените во расположението на Москва и Дамаск, кои се случија по важните победи на сириската влада на југ.
Според израелската армија, нападот врз Латакија, за време на кој беше урнат руски авион, превземено е, меѓу другото, за да се спречи нелегалното пренесување на воената опрема на Хезболах од Сирија во Либан од Иранската револуционерна гарда.
“Меѓутоа, сега можеме да се запрашаме дали оваа цел го оправдува бомбардирањето во срцето на руската сфера на влијание, во близина на аеродромот Хмеимим и поморското пристаниште Тартус”, пишува авторот Амос Харел.
“Израел продолжува да изразува загриженост во врска со незаконското снабдување на опрема и оружје на Хезболах со либанските сили. Како што објавија “Фокс њус” минатата недела, цитирајќи извори на западната разузнавачка служба, кои често служат како еуфемизам, кога не сака да го споменува Израел, Иран од недоамна сé повеќе ги користи цивилните летови во Бејрут заради обезбедување на опрема за либанските сили на Хезболах. Во меѓувреме, во текот на минатиот месец, испораките низ територијата на Сирија значително се намалија “, пишува Амос Харел.
“Овие промени може да бидат одраз на обидот на Москва да воспостави нови правила во Сирија и да ги намали тензиите меѓу Израел и Иран, што ќе помогне да се зајакне владеењето на Асад”, заклучува израелскиот весник.
Извор:Haaretz










