Епидемиологот Емануеле Амар, кој јавно предупреди за абнормалната стапка на бебиња родени со малформации во неколку француски одделенија, наскоро ќе биде отпуштена, објавија медиумите. Двајца поранешни министри за екологија ја обвинија француската влада дека сака да го стави скандалот под килимот.
Работајќи неколку години на анкетата за абнормалната стапка на родени бебиња без дланка, подлактица и надлактица во департманот Аину, Емануеле Амар, директорка на “Ремера”, Регистар на конгенитални малформации Rhône-Alpesa, ќе мора да ја напушти функцијата на 31-ви декември.
Петте членови на тимот на д-р Амар, кои работеле на најстариот француски регистар на мали случаи на новороденчиња, исто така биле отпуштени.
“Ни беше кажано дека нашиот отказ ќе стапи на сила на 31 декември … освен ако дотогаш не се пронајде решение“,изјавил еден еден од епидемиолозите.
Оваа најава доаѓа неколку дена откако француското Министерство за здравство објави престанок на сите анкети на повеќе бебиња родени со малформации во Аин, иако нема објаснување за појавата на овие малформации.
Според адвокатот и поранешниот министер за екологија, Корин Лепаж, кој моментално ја води асоцијација против употребата на пестициди, неопходно е да се започне големо движење и да се натера државата да создаде слични регистри на малформации на новороденчиња во секој оддел на Франција.
Мичел Риваси, експерт за животна средина, исто така, повика на “барање на причините”, се вели во соопштението.
“Дали се пестициди? Хемикалии? Радиоактивност или некоја друга причина? Имаме впечаток дека државата прави сé за да го прикрие случајот “, истакнала г-ѓа Риваси.
Според новиот министер за земјоделство, Дидиер Гијом, ништо не се крие. Научниците треба да докажат дали има или нема последици.
Седум случаи на деца родени без рака, подлактица и надлактица биле забележани во одделот Аин помеѓу 2009 и 2014 година, во радиус од само 17 км околу селото Друилат. Три други деца се родени со истата попреченост во одделот за Лоара-Атлантик помеѓу 2007 и 2008 година. Во периодот од 2011 до 2013 година, четири деца со исти проблеми се родени во Морбиан, општина Гујдел.
Сепак, француското јавно здравје на 4 октомври процени “дека нема објаснувања за појава на овие малформации”, и одлучи да ги прекине сите истраги.









