Како и во сите западни земји, така и во Франција, образовниот систем пополека, ама сигурно се распаѓа. Нивото на распаѓање повеќе нема граница. Видеото што го објавуваме покажува студент кој му се заканува на професор со пиштол, барајќи од него да ја сврти главата и да не го погледне.
Образованието е основа на секое општество. Без квалитетно образование, општеството се распаѓа, а најлошите последици се чувствуваат неколку години и децении. Денес на Западот, сме сведоци на колапсот на образовниот систем. Наместо да дејствува на целта за подобрување на образовниот систем, побарувачката се намалува. Се укинуваат “непотребни” предмети во училиштата , а од учениците се “созсаваат кретени”, тврди францускиот автор Жан-Пол Бригели во книгата “Фабриката на кретени – Програмирана пропаст на училиштата ” објавена во 2006 година.
[embedyt] https://www.youtube.com/watch?v=IEezFrgoEEU[/embedyt]
“Нашите деца повеќе не знаат да читаат, сметаат или мислат. Ситуацијата е ужасна, а причините се поголеми отколку што се мисли. Серија на добронамерни,ам погрешно спроведени образовни програми го уништија системот во последните триесет години. Тоа беше еден од најдобрите образовни системи во светот. Дали треба да ги инкриминираме политичарите, наставниците, родителите, синдикатите, програмите? Во секој случај, “Нова педагогија” , “докажа” дека : училиштето престана да биде мотор на социјален на раст. Родените на улица, денес таму и остануваат “, пишува авторот.
Резултатот од таквиот однос кон образованието се гледа на ова видео.
Иако секој вели дека образовниот систем во нашите земји е лош и дека сите ние треба да го преземеме западниот образовен систем, сепак треба да бидеме внимателни. Поминаа времињата на манипулација, а вистината сè повеќе и полесно допира до населението кое до вчера го проголта сето она што им се нуди во медиумите. Бидејќи во сè” доцниме” во , се надеваме дека ќе задоцнеме во овој случај и ќе ги избегнеме фабриките на кретени на нашиве простори.










