Саудиска Арабија го призна убиството на новинарот Џамал Кашоги во внатрешноста на конзулатот во Турција. Властите во Саудиска Арабија тврдат дека дошло до вербален конфликт меѓу Кашоги и сé уште не е именуван претставник на Саудиска Арабија. Конфликтот доведил до смрт на новинарот, тврди извештајот за јавност од страна на Саудиска Арабија. Во убиството на новинарот учествуваа 15 лица.
Некои пристигнале со приватни авиони од Саудиска Арабија. Телото на Џамал Кашоги сè уште не е пронајдено, и се поставува прашањето каде е и кога ќе биде испорачано на семејството, откако е потврдена смртта. Коментаторите на западните медиумски портали се загрижени дека присуството на толку голем број луѓе ја прави оваа работа сериозен криминал кој наликува на “перверзен ритуал” на кој присуствуваале високи претставници на Саудиска Арабија.











