Иако нема официјални резултати од турската и саудиската истрага за случајот на “исчезнатиот” новинар Џамал Кашоги, Си-Ен-Ен тврди дека Ријад се подготвува за официјална изјава во која ќе наведи дека саудискиот новинар починал при испитување кое “завршило лошо”.
Си-Ен-Ен наведува два извори кои потврдиле дека Саудијците подготвуваат извештај во кој ќе ја признаат смртта на Кашоги “како резултат на испитувањето кое лошо заврило, кога се обиделе да го приведат и одведат од Турција “.
Си-Ен-Ен тврди дека еден од изворите изјавил дека извештајот најверојатно ќе биде склучен со посебна забелешка дека операцијата била спроведена без одобрение на властите и без транспарентност и дека сите вклучени лица ќе бидат одговорни за кривичното дело.
Друг извор тврди дека извештајот за исчезнувањето на саудискиот новинар сé уште се подготвува и може да се смени, известуваат американските медиуми.
Џамал Хашоги, колумнистот на Вашингтон пост, дошол во саудискиот конзулат во Истанбул на 2 октомври, каде му се губи секоја трага.
Иако саудискиот режим вели дека Кашоги го напуштил конзулатот истиот ден, турските власти тврдат дека имаат докази дека новинар бил мачен, убиен и дека неговото тело било раскинаот на делови. Тие, исто така, ја обвинуваат Саудиска Арабија дека не соработувала со турски истражители.
Со оглед на хаосот предизвикан од овој случај, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ако се утврди одговорноста на Ријад за исчезнувањето на новинарот, ” тешко ќе ја казни Саудиска Арабија”.
Како одговор, принцот од Саудискиот режим, Мохамед бин Салман, се заканил со “големи одмазднички мерки“ за сите оние кои мислат Саудиска Арабија да ја казнат заради исчезнувањето на Кашоги.
Заради Кашоги и извештајот за неговото наводно убиство на Саудиска Арабија, се врши притисок од различни делови на меѓународната заедница, бидејќи саудискиот режим има долга историја на тортура, затворање и егзекуција на опозициските активисти.











