ХУМОР И САТИРА: Порошенко му се заканува на Русија со украинското воздухопловство (Видео)

0
272

Како што сугерираа наши повеќемина  читателите, можеби е крајно време за вести од Украина да отвориме рубрика хумор и сатира. Последната изјава на украинскиот претседател Петар Порошенко сигурно спаѓа во оваа категорија. Од друга страна, наскоро ќе се одржат избори во Украина, каде што, според сите анкети, сегашниот претседател и неговите министри нема да бидат потврдени. Во одредена смисла ова ќе биде голема штета, барем за дел од читателите кои веруваат дека во мрачна геополитичка ситуација во светот, малку се смеење не е одмет. Ајде да го слушнеме најновиот “бисер” на чоколадниот претседател, кој наместо бел мантил во својата фабрика за чоколада сака да парадира во униформата на врховен командант на украинската армија.

“Русија ќе плати висока цена за спроведување на воздушни напади против Украина”, изјавил Петро Порошенко на вежбите “Clear Sky 2018”, а изјавата беше објавена на официјалната Фејсбук страница на канцеларијата на украинскиот претседател.

“Ние се бориме за слобода, се бориме за демократија и го цениме цврстиот и сигурен став на нашите партнери во Соединетите Американски Држави и НАТО алијансата, и ние нема да ја прашаме Русија што треба да правиме во нашата земја”, напишал Порошенко.

На објавата ја ставил телевизиската снимка на Ен-Би-Си, каде што Порошенко велејќи дека украинските војници можат многу работи да му покажат на НАТО и научат како се војува, бидејќи тие “се борат во услови на руската хибридна војна”.

Вежбите “Clear Sky 2018”, кои ги спроведува  НАТО и украинската армија, се одржуваат во Хмељницкиот регион од 8 до 19 октомври. Во маневрите учествуваат Белгија, Велика Британија, Данска, Естонија, Холандија, Полска, Романија и САД .

За време на вежбата, украинскиот претседател веќе даде остра изјава. Претходно минатата недела Порошенко нареди “при спасувањето на животите на украинските војници во регионот на Донбас,  може да се отвори оган од сите расположливи оружја”.

Тој, исто така, посочи дека Украина “мора да биде подготвена за секое сценарио, како за одбрана, така и за ефективен контра-напад”.

Односите меѓу Москва и Киев се влошија по државниот удар во Украина, повторното обединување на Крим со Русија и почетокот на конфликтот во Донбас.

Така, во јануари 2015 година, украинскиот парламент усвои декларација во која ја прогласи соседната Русија за “земја-агресор”.

Киев постојано ја обвини Москва за вмешување во внатрешните работи на Украина, особено во конфликтот на југоисточниот дел на земјата, каде што, според Киев, Русија спроведува “хибридна војна”, шпионски и сајбер-напади. Русија ги негира обвинувањата и ги отфрла како неприфатливи. Москва во неколку наврати изјави дека не е партија на внатрешниот конфликт на Украина и дека во интерес на Русија е Киев да ја надмине политичката и економската криза што ја уништува соседната земја.

Објавата на украинскиот претседател: Facebook – Petro Poroshenko

[embedyt] https://www.youtube.com/watch?v=7jCVV7JEmms[/embedyt]