При пресметувањето на просечните температури во пред-индустрискиот период, се чини дека заговорниците на теоријата дека климатските промени се последица на човечките активности, намерно користеле бесмислени и неточни податоци само за да ја промовираат својата агенда. Дали тврдењето дека човекот е одговорен за климатските промени е една голема измама? Оде постојат два спротивставени табори, дури и во академската заедница, што е добро, бидејќи во борбата едни против други доаѓаат до нови откритија. Овој пат во водство, ако може да се каже така, се оние кои тврдат дека човекот не влијае врз климатските промени и глобалното затоплување, и дека ова е цикличен процес. Се чека одговор од спротивниот табор.
Во меѓувреме, независна ревизија на просечните податоци за мерење на температурата што се користат за да се одреди климата и климатските промени откриваат повеќе од 70 клучни недостатоци, што значи дека презентираните податоци “не биле погодни за изработка на глобални студии”.
На пример, при мерење се користеле температурати од 0 степени во Карибите до 82 степени Целзиусови во Колумбија мерења извршени на бродот 100 километри од копно.
Ревизијата покажа дека студиите намерно претерувале во температури за да ја поддржат теоријата за глобалното затоплување и користеле методологија многу помалку сигурна отколку што е пропишана.
Ревизијата покажала дека поранешните климатски услови се базирани на неточни информации со цел да се создадат предвидувања за идните температури и да се процени влијанието на човекот врз нив.
Покрај тоа, Париската конвенција утврдениот просекот од 1850 до 1899 година бил земен како “индикативен”, ама дека пред-индустриските температури содржеле “фатални недостатоци”.
“Целиот Договор за климатски промени од Париз планира ефикасно да го уназади општеството и да се обиде да го врати часовникот во времето на пред-индустриската револуција. Целата ова теорија дека атмосферата на нашата планета пред индустриската револуција била непроменета, бидејќи не била кзагадена од човечкиот фактор, исто така се покажала сосема погрешна “, тврди Мартин Армстронг, кој го анализирал узвештајот на независната ревизија.
Меурчиња од мраз, заробени во мраз во Гренланд, покажаа дека почнавме започнавме да емитираме стакленички гасови пред најмалку 2.000 години. Римјаните го изградиле првиот водовод 312 години пред Новата ера, а изграден бил заради сериозен проблем со загадувањето на водата во градовите, како што рече Сенека, заради тешкиот воздух во Рим, мирисот на чад и облаците од пепел кои го совладале градот.
Оваа нова ревизија претпоставува дека дури не е спроведена ниту обична и основната проверка на квалитетот на податоците HadCRUT4, која требаше да се извршат во Центарот за истражување на климатските промени во Мет Центарот Хедли и Универзитетот на Источна Англија.
Ревизијата покажа дека проценките се направени со ограничен број на достапни мерења, со големи грешки заради урбанизација, просеците се утврдени без сеопфатни и точни мерења на глобално ниво.
Тестот покажа целосна измама во целиот систем. Аномалиите кои се наведени се мерења на Св. Китс на Карибите, каде што просечната температура за декември 1981 година беше нула степени, и обично е 26 степени Целзиусови. За едно место во Колумбија, наведена е просечната температура од 82 степени Целзиусови била забележана во текот на трите месеци од 1978 година, што би биле најтопли денови некогаш измерени на Земјата.
Во Романија, просечната температура за септември е минус 46 Целзиусови степени, што никогаш не се случило. Податоците покажуваат дека бродовите пријавиле температури на море на 100 километри од брегот.
Во статјата исто така се истакнува дека најсериозните недостатоци во администрацијата се недостатокот на точни податоци. Во првите две години од 1850 година, постоело само една официјална информативна канцеларија на јужната хемисфера, во Индонезија. Во тоа време, мерењата биле извршени на бродови, а мерењата во Австралија започнале во Мелбурн во 1855 година, додека мерењата во Окланд започнале во 1853 година. Изгледа дека сите овие податоци се фиктивни.
Според покриеност HadCRUT4, податоците за јужната хемисфера едвај се достапни во 1950-тите. Сепак, застапниците на климатските промени поради човечките фактори тврдат дека глобалното затоплување трае повеќе од 100 години.
Сепак, на конференцијата во Париз како “индикативна” температура за пред-индустриската револуција, беше усвоен просекот од 1850 до 1899 година, врз основа на неточни, непостоечки и непотврдени податоци. Нема апсолутно никаква можност да се соберат податоци кои би ја подржале оваа теза на глобалното затоплување или која било друга научна студија.
Прочитајте повеќе во оригиналот: Armstrong Economics










