Македонските ученици мака мачат со математиката

0
170

Најголем дел од учениците во Македонија имаат послаби резултати од основното ниво по математика, покажуваат резултатите од меѓународната студија за способностите и знаењата на учениците ПИСА. Во обемниот и некреативен наставен материјал, упатените гледаат дел од причините за слабите резултати.

Некреативен и обемен материјал, кој на прво место ги става наставниците, а не учениците, е една од причините поради кои македонските основци покажуваат послаби резултати по математика во споредба со учениците од соседните земји и пошироко.

Вака упатените ги коментираат податоците од последните истражувања, на кои упатува и редовниот извештај на Светската банка, а кои покажуваат дека ваквата состојба се провлекува веќе неколку години. Директорката на основното училиште „Браќа Миладиновци“ од Куманово, Марина Манојловска, вели дека наставните програми се преобемни и бараат итно редуцирање на истите.

Математиката отсекогаш претставувала и товар на учениците, затоа што наставните програми не му дозволуваат на детето да биде креативно и да има инспирација да го засака предметот. Тука се и обемните наставни часови кои детето го оптоваруваат на шест години со пет часа. Секаде во светот, не постои оценување на децата до четврто одделение. Ние ги „убиваме“ со домашни работи, со работа на час, а тука гледам и недостаток кај наставникот. Се работи за мали деца кон кои треба да имате соодветен пристап за да го заинтересирате”, вели Манојловска.

Повеќе на: РСЕ