Трамповата “Слоновска дипломатија“ го налути Саудискиот престолонаследник

0
257

Се разбуркаа односите меѓу двата големи сојузници од Блискиот Исток – САД и Саудиска Арабија, и тоа ништо не вообичаено, со вината на американскиот претседател Доналд Трамп, кој по прашањето на дипломатска реторика и така наречената политичка коректност се снаоѓа како “слон во стаклен сад”.
Прво, Трамп, на 3-ти октомври, во американската држава Мисисипи јавно изјави: “Ние ја штитиме Саудиска Арабија. Таа е богата земја, и го сакам кралот Салман. Ама, на кралот му реков: ние ве заштитуваме и вие таму не би опстојале ни две недели без воена помош на Америка”.
Иако Трамп не прецизираше кога овие зборови му ги упатил на саудискиот крал, сепак можеме да потсетиме дека двајцата последен пат разговарале телефонски во саботата 29 септември, кога американскиот лидер повторно го повика саудискиот монарх да ја одржи стабилноста на светскиот пазар на нафта со дополнително зголемување на саудиското производство. Имено, се приближува почетокот на новите американски против-ирански санкции кои ќе се однсуваат на иранскиот енергетски сектор, заради кој се очекува значителен пад на иранскиот извоз на “црн злато”, а со тоа и недостигот на нафта на пазарите, што може да доведе до нов повисок пораст на цените. А, тоа на Трамп никако не му оди во прилог на претстојните избори за Конгресот во ноември оваа година, од кои во многу зависи неговиот понатамошен политички живот или, во најдобар случај, комодитет во донесување политички одлуки.
Сепак, зборовите на Трамп од Мисисипи не му седнаа добро на младиот Саудиски владетел Мухамед бин-Салман, кој во интервју за Блумберг изјавил: “Ние нема ништо да плаќаме за нашата безбедност. Целото оружје што ги добивме од САД беше купено за пари, тоа не се бесплатни испораки “. Принцот изјави дека програмата за вооружување на Саудиска Арабија ја сменила насоката и се врати токму во купување на американско оружје, а повеќе од 60% од испораката доаѓа од САД.
Одговарајќи на новинарско прашање, дали односите меѓу САД и Саудиска Арабија остануваат на исто ниво како и пред 24 часа (изјавата на Трамп спомената погоре), принцот Салман изјави дека “ако ја погледнеме сликата во целост,кај нас 99% од добрите се добри и еден 1% проблеми “.
Во услови на многу блискоисточни кризни ситуации и жаришта и затегнатите односи меѓу Саудиска Арабија и Иран, Катар, Јемен, Сирија и така натаму, јасно е дека саудискиот прстолоналседник, иако сосема сигурно, лут заради недипломатската изјава на Трамп која му штети на саудискиот државен врв и кралскиот двор во Ријад, како во регионот така и дома, на прашање на новинар на Блумнерг и немал ништо повеќе што да одговори.