Сирискиот претседател Башар ал-Асад за помалку познатиот кувајтски весник Ал-Шахд изјави дека Дамаск постигнал “големо разбирање” со другите арапски земји по неколкугодишно непријателство поради седумгодишната граѓанска војна, пишува АП.
Асад не ги именуваше овие земји, но изјавил дека арапските и западните делегации почнаа да ја посетуваат Сирија за да се подготват за повторно отворање на дипломатските и другите мисии.
Сириското членство во Арапската лига, кое има 22 членови, беше прекинато во раните денови на војната.
Арапските земји подоцна ги наметнаа економските санкции во Дамаск, додека Саудиска Арабија и Катар ги поддржаа опозициските групи кои сакаа да го соборат Асад од власт.
Извор:(Vijesti / ФЕНА)











