САД го раскинуваат Договорот за пријателство и економски односи потпишан со Иран во 1955 година, соопшти американскиот државен секретар Мајк Помпео.
Тој изјавил дека Техеран претставува закана за американската мисија во Ирак.
– Со ова ве информирам дека САД го прекинуваат договорот за пријателство со Иран од 1955 година. Ова е одлука која е созреа уште пред 39 години – изјави Помпео за новинарите.
Претходно во средата Меѓународниот суд на ОН ја одобри прелиминарната одлука со која делумно се исполнува иранската тужба која се однесува на обновувањето на санкциите на САД против Техеран. Според зборовите на Помпео, таа судска одлука е неоснована.
– Иран се обидува да се меша во сувереното право на САД да преземе правни и неопходни мерки за заштита на сопствената национална безбедност. Иран го користи Меѓународниот суд на правдата за политички и пропагандни цели – додал државниот секретар.
Русија, Иран, САД, Кина, Велика Британија, Германија и Франција потпишаа Заеднички сеопфатен акционен план за 2015 година, според кој Иран ја прекинува својата нуклеарна програма во замена за укинување на санкциите.
Меѓутоа, во мај 2018 година, американскиот претседател Доналд Трамп објави дека неговата земја го напушта договорот и наметнува нови санкции за Иран. Потоа, Иран поднесе тужба против САД со Обединетите нации во јули, објави Спутник.
34
