(Фото) ИНДОНЕЗИЈА: Мртовечниците преполни, жртвите се погребуваат во масовни гробници

0
421
Поради недостатокот на места во мртовечниците во Индонезија, трупите се појавуваат, чекајќи да се идентификуваат, јавува агенцијата Анадолу (АА).
Земјотрес и цунами минатата недела го погоди индонезискиот остров Сулавеси, речиси некои области ги сравнаа со земјата, а населението беше принудено да се насели во шатори на височините.
Повеќето човечки жртви биле на островот Сулавеси, каде што нема место во мртовечниците. Непријатен мирис се шири од областа Пабоја, каде се наоѓаат гробиштата.
Возач на багер Абдулмулук изјави дека на Палу,од неделата работи на терен. Досега биле погребани 315 луѓе, потврдил Абдулмулук. Возилата од болницата носат голем број тела.
Тој објави дека ископале масовна гробница, три метри длабока, и имала три спрата. Официјалните лица издадоа наредба жртвите на земјотресот да се погребуваат заедно и е што р можно на најбрз можен начин заради мирисот што укажува на брзо распаѓање на телата.
Брачниот пар Манвевер и Шутрино Манџ своите деца ги бараат во масовните гробници.
“На денот кога се случи земјотрес, синот со неговата сопруга и децата беше во трговскиот центар на брегот”. Тие бараа обувки за децата. “По земјотресот имаше цунами и тие не се вратија дома”, рече Манвевер.
До  масовните гробници дојдоа со надеж дека ќе ги најдат телата на нивните синови, ќерки и внуци. Успеале да го пронајдат само нивниот мотоцикл кој бил на брегот.
Во земјотресот и цунамито, загинаа 1.407 лица. Досега 519 луѓе се закопани. Сутопо Пурво Нугрохо, портпарол на Националната агенција за помош при катастрофи (БНПБ), соопшти дека повеќе од 100 исчезнати лица сè уште се пребаруваат.
Повеќето населби во крајбрежната област Палу и Донгала се уништени. Луѓето кои останаа без покрив над главите ги напуштија крајбрежните области и се населија во шаторите на височините. Сепак, постојат и оние кои дури немаат шатор.
Многумина бараат начини да добијат вода за пиење, храна и финансиска помош. Нема куќи на брегот што води од Донгала до Палу, како и трговски центри, колонии и јавни институции. Брановите, предизвикани од цунами, носеле бродови до населбите.
Во земјотресот кој го погоди Сулавеси во петокот, како и цунамито што уследи, 1.407 лица загинаа.
Во земјотресите од 6.3, и 6.9, и седум степени кон крајот на јули и август, ја погоди Индонезија загинаа 563 лица, а повеќе од 450.000 ги почувствувале последиците.
Извор:(Vijesti / AA)