Tрамп му рекол на Саудискиот крал: Без наша воена помош, на власт не би биле ниту две недели

0
809
Претседателот Доналд Трамп во вторникот дал прилично недипломатски коментар за неговиот близок сојузник Саудиска Арабија, истакнувајќи како го предупредил кралот Салман “да не би останал на власт ниту две недели без помош на американската армија”, објави Ројтерс.
“Ние ја штитиме Саудиска Арабија. Ќе речете дека тие, се богати. И јас го сакам кралот,.. кралот Салман. Ама, реков: “Кралу, ние ве заштитуваме, можеби таму нема да бидете ниту две недели без нас. Мора да ја платите својата војска “, исакнал Трамп на митингот во Саутенен, Мисисипи, не споменувајќи го времето и местото кога тоа му го рекол на Саудискиот монарх.
И покрај ова, условно, “остри зборови”, администрацијата на Трамп одржува блиски врски со Саудиска Арабија, која тој ја смета за “брана на иранските амбиции во регионот“, пренесе Ројтерс.
Трамп во саботата го повикал кралот Салман и разговарал со него за напорите за одржување на снабдувањето со нафта за да обезбеди стабилност на пазарот и глобален економски раст, објави шпанската новинска агенција СПА.
Саудиска Арабија е водечки светски извозник на нафта и се смета за неформален лидер на групата ОПЕК, која Трамп ја критикува заради високите цени на нафтата.
Говорејќи на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк минатиот месец, Трамп изјави дека “како членови на ОПЕК, како и обично, се одвоени од остатокот од светот”.
“Ние многумина од тие народи ги браниме за ништо, а потоа тие нè искористуваат со високи цени на нафтата. Тоа не е добро. Сакаме да престанат со подогнување на цените и да почнат да ги намалуваат “, изјавил Трамп.
Тој, исто така, ги спомнал и другите американски сојузници, како што се Јапонија, Јужна Кореја и Германија, кои треба да преземат поголем финансиски товар за нивната одбрана.
На своето прво меѓународно патување, претседателот Трамп минатата година првпат ја посети Саудиска Арабија, што секогаш внимателно се следи кога некој нов лидер ќе стапи на должност.
Трамп е во право кога вели дека ОПЕК одлучил да го замрзне производството, што само делумно ја зголеми цената на енергетските производи на светскиот пазар, но никој на зголемување на цените на нафтата не влијаел како администрацијата на Трамп, која со најавената блокада на иранскиот извоз на нафта и санкциите против Исламската Република создаде ситуација според која следната година би можело да дојде до голем недостаток на пазарот за нафта,а дефицитот во 2019 година може да се движи од 3 до 3,5 милиони барели дневно, што според аналитичарите ќе ја врати цената на нафтата на 100 долари за барел.