Вулкан денес еруптира на на истиот индонезиски остров Сулавеси, кој во петокот беше погоден од земјотрес со јачина на магнитуда од 7,5 степени, а потоа и со цунами, објави Агенцијата Анадолу (АА).
Планината Сопутан во провинцијата Северен Сулавеси, денес изутрина,исфрли пепел до висина од шест километри на небото. Индонезиските вулканолози се сомневаат дека ерупцијата е поврзана со земјотресот кој го погоди Централен Сулавеси во петокот.
Според локалните волонтери, Сопутан е активен од август оваа година.
Безбедносниот статус поради ерупцијата на Сопутан е зголемен на четвртото ниво, што значи дека населението треба да избегне да биде во областа на четири километри од врвот на вулканот и да има подготвени маски во случај на паѓање на пепел.
Според последните податоци индонезиски власти во земјотресот и цунамито, во петокот, загинале најмалку 1.400 луѓе, а стравува дека бројот ќе се зголеми.










