1
Во Охрид ќе се одбележи Европскиот ден на соработка.
По тој повод во петок, 5-ти октомври, од 11:00 часот ќе се организира настанот „Со велосипед до здраво живеење“.
Организатори се општина Охрид и Заводот за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања, како партнери во имплементација на ИПА проект Cross4all, заедно со учениците од ОУ „Григор Прличев“. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
