Русија: Ракетните системи С-300 испорачани во Сирија

0
246
Русија на Сирија и предаде 49 единици техника во рамките на испораката на системот С-300, изјави министерот за одбрана на Русија Сергеј Шојгу, на состанокот со претседателот Владимир Путин и членовите на Советот за безбедност.
“Во склад со одлуката на претседателот, започнавме со спроведување на низа мерки насочени на зајакнување на системите за противвоздушна одбрана на Сирија, кои за цел покрај останатот, имаат и заштита нанашите војници. Завршивме со испораката на системите С-300. Тоа вклулува 49 единици техничка опрема, локатори за осветлување, се разбира, како и основните системи за детекција, контролни машини и четири лансери“, изјавил Шојгу.
Министерот додал дека работата за воспоставување на единствен систем за контрола на противвоздушната одбрана во Сирија ќе заврши до 20-ти октомври.
За три месеци, сириските експерти ќе бидат обучени да ги користат испорачаните руски системи С-300, пренесува Спутник.
[embedyt] https://www.youtube.com/watch?v=K4iZNJM2xAc[/embedyt]