Самоубиствен напад за време на предизборен митинг во Авганистан

0
228

Во реализиран самоубиствен напад за време на предизборен митинг во провинцијата Нангархар во источниот дел на Авганистан животот го загубија 13 лица, а 30 лица се ранети.

Портпаролот на губернијата на Нангархар Атаулах Хогјани истакна дека самоубиствениот напаѓач ја експлодирал бомбата на себе за време на предизборен митинг на Насир Мохамад, кандидат за пратеник од Нангархар.

Хогјсни рече дека притоа во експлозијата животот го загубиле 13 лица, а 30 лица биле ранети.

Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот.

Парламентарните избори во Авганистан се планира да се одржат на 20 октомври.

Според договорот на владата за национално единство, изборите за пратеници и за градските собранија требаше да се одржат во 2015 година, меѓутоа овие избори беа одложени со специјална донесена одлука од страна на претседателот на државата.

 TRT