НАТО се подготвува за најголемите воени вежби, каде во Норвешка подоцна во овој месец ќе учествуваат околу 45.000 војници ќе, објави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.
Вежбите се базираат на “фиктивно, ама реално” сценарио и ќе симулираат колективен одговор на НАТО на напад на една од своите сојузнички, додаде Столтенберг.
Тоа ќе биде најголемата воена вежба на Алијансата од крајот на Студената војна.
Освен војниците од 29 земји-членки и земјите-партнери Шведска и Финска, во вежбата Тридент ќе усчествуваат и 150 авиони, 60 бродови и 10.000 возила, им истакнал Столтенберг на новинарите.
Вежбата се одвива во време на напнати односи со Русија, предизвикана од анексијата на Крим во 2014 година и поддршката на Москва кон бунтовниците на исток од Украина.
Trident, која на северот на Норвешка ќе трае од 25 октомври до 7 ноември, не е вперена кон ниту една земја. “Вежбите се одбранбени”, истакнал Столтенберг, додавајќи дека биле поканети и руски набљудувачи.
Во август, Русија спроведе големи воени вежби во источниот дел на земјата, со учество на околу 300.000 војници, пренесува N1.










