42
Најмалку 384 лица загинаа во цунамито во Индонезија, после земјотресот со јачина од 7,7 тони Рихтер кој вчера го погоди индонезискиот остров Сулавеси. Во градовите Палу и Донгала, земјотресот и цунамито оставиле урнатини зад себе.
Портпаролот на Националната агенција за вонредни состојби, Сутопо Пурво Нугрохо потврди дека во текот на цунамито во Палу, главниот град на Северен Сулавеси загинале најмалку 384 лица.
[embedyt] https://www.youtube.com/watch?v=vS2wAdoh7ng[/embedyt]
Нугрохо за индонезиската телевизија изјави дека цунамито зафатило стотици учесници на фестивал на една од плажите во Палу, и нивната судбина се уште е непозната.
Наведено е дека дека висината на бранот цунамито било околу три метри и дека на бреговите на градот Палу удрил во петокот на вечер.
Од последиците на земјотресот, а потоа и цунамито, во градот Палу, кој брои околу 380.000 жители,урнати се голем број станбени објекти. Централната џамија во градот е потполно потопена, како и еден трговски центар. По улиците можат да се видат тела покриени со церада, како и човекот кој низ урантините на градот носи тело на мртво дете.
Исто така, се наведува дека цунамито било катастрофано и заради фактот што градот се наоѓа во тесен појас.
Во блискиот град Донгал, каде што има околу 300.000 жители, се урнал голем мост покрај крајбрежната река.
Индонезиската телевизија објави видео снимки снимени на паметни телефони, каде што луѓето можат да видат луѓе кои врескаат и трчаат во страв.
Иако Агенцијата за контрола на летање AirNav изјави дека пистата на аеродромот Палу била напукната и контролната кула оштетена, Нугрохо изјавил дека помалите авиони би можеле да слетуваат на пистата.
Од AirNav е потврдено дека 21-годишен вработен во оваа агенција, загинал во текот на земјотресот додека се наоѓал на контролната кула. Имено, тој вршел навигација на авион кој успеал безбедно да слета на аеродромот, по што младиот човек го загубил животот.
Земјотресите со јачина на 6,3, 6,9 и седум степени на крајот на јули, а во август го погодија островот Ломбок, Индонезија. Тогаш 563 лица загинаа, а последиците ги почувствуваа повеќе од 450.000 луѓе.
