35
Петсто килограми кокаин наменети за продажба во Австралија запленето е на една јахта на Саломонските островите, соопшти денес австралиската полиција.
При истрагата на бродот, полицијата истовремено презела и акција во Сиднеј и уапси двајца мажи за нивната наводна вмешаност во случај на обид за увоз на кокаин од Јужна Америка во Австралија.
Полицијата продолжува да истражува во Хониари, главниот град на Соломонските Острови, каде што јахтата која се претресувала била регистрирана во Белгија.
Шефот на австралиската федерална полиција, Бен Меквијан, изјавил дека станува збор за полициски операција во која учествувале полицајци од Соломонските Острови, австралиската полиција и одделот за дрога во САД.
