Германската канцеларка Ангела Меркел денес изјави дека таа и лидерите на Турција, Русија и Франција планираат да одржат самит следниот месец за ситуацијата во разирнатата Сирија.
– Се залагаме за четиристрана средба со претседателите на Турција, Русија и Франција, бидејќи ситуацијата (во Сирија) сé уште е кревка – им изјавила на новинарите Меркел по разговорите со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.
– Ние имаме намера тоа да го направиме во октомври – зијавила таа.
Меркел истакнала дека овие разговори имаат посебна итност во однос на нестабилната ситуација во сириската провинција Идлиб во која преовладува владеењето на бунтовниците.
Турција ги поддржува бунтовниците кои сакаат да го соборат сирискиот претседател Башар ал Асад, но од крајот на 2016 година, тие се повеќе соработуваат со Иран и со Русија во ставање крај на сирискиот конфликт.
Русија и Турција се согласија за време на самитот во туристичкиот град на Сочи на Црното Море на 17-ти септември, за да воспостават тампон-зона во Идлиб, со цел да се спречи воениот напад.
Сирија, која добива витална воена помош од Русија и Иран, соопшти дека планира да го освои Идлиб, последното преостанато големо упориште на бунтовниците во седумгодишната војна.
Руско-турскиот договор беше вклучен по предупредувањето дека голем воен офанзива ќе предизвика крвопролевање во провинција од три милиони луѓе.
Претходно Ердоган најави дека планира да одржи самит на кој ќе се разговара околу ситуацијата во Сирија на 7-ми септември во Истанбул со рускиот претседател Владимир Путин, францускиот претседател Емануел Макрон и Меркел, но тој состанок никогаш не беше одржан.
Меркел ја пофали “брилијантната работа на Турција” на приемот на повеќе од три милиони сириски бегалци.
Германија прифати стотици илјади сириски баратели на азил – во политиката која предизвика длабоки поделби во канцеларијата на канцеларката Меркел, објави АФП.
Извор:(Vijesti / ФЕНА)











