Јоханес Хан, еврокомесарот за проширување, рече дека е реален рокот на зачленување на Македонија во Европската унија до 2025 година.
– Нема датуми, ниту рокови, но оваa и следната година очекувам резултати. Ова е момент на голем ентузијазам, но не треба да се заборави дека претстои многу работа. Граѓаните треба да ја ценат таа можност да гласаат по ова прашање. Замислете колку делови во светот и Европа има каде што граѓаните ја немаат таа привилегија. Европската комисија девет години и дава поддршка на Мaкедонија со препорака за отпочнување на преговорите за членство во ЕУ. Многу европски лидери изминатиот период гостуваа во Македонија и го потврдија тоа. Бојотот не е манифестација на демократичност. Секој ден е важен и не треба да се губи – рече Хан во Брисел на заедничката прес конференција со вицепремиерот Бујар Османи.
Османи, кој во Брисел ја предводи македонската делегација, која од вчера го почна објаснувачкиот скрининг процес, на прес-конференцијата говореше на македонски, албански и англиски јазик.
„ Македонија вчера и денеска испишува историја. Ова е моментот кој долго го чекавме и се подгототвувавме, сите досегашни влади. Дозволете да констатирам дека успеавме. Македонија неповратно се движи кон полноправно членство во ЕУ. Од тој пат нема назад“ кажа Османи.
Извор:НоваТВ










