Во последниве години Израел “излезе од контрола”, постојано патролирајќи по либанскиот воздушен простор и бомбардирајќи го подраќјето на Сирија, пишува дописникот Хаарец Гидеон Леви. Русија, која после инцидентот со авионот ИЛ-20 одлучи да испрати систем С-300, успеа да го “смири” Израел, покажувајќи му ги границите на она што е дозволено, пишува израелскиот новинар.
Некој постави граница која Израел ја кршеше со години. За прв пат по многу години, ниту една земја не му дала на Израел до знаење дека нејзиното влијание има свои граници и не е нормално да го прави она што ќе посака, дека не е единствен актер во игра кого Америка секогаш ќе може да го штити и дека штетите не можат да се предизвикуваат бесконечно“ пишува дописникот на Хаарец Гидеон Леви.
Според новинарот, Израел има потреба од такви ограничувања како што се воздушните.
“Во последниве години, ароганцијата и геополитичката ситуација му овозможија на Израел да ја преземе контролата. Неговите авиони можеа да патролираат по либанскиот воздушен простор, како да е негов и да ја бомбардира Сирија. Нејзините војници повремено ја уништуваат Газа и ја задржуваат во бескрајна опсада, а со тоа и продолжуваат да го окупираат западниот брег на реката Јордан “, пишува Гидеон Леви, очигледно огорчен од сегашната политика на Кнесетот и военото раководство предводено од Авигдор Либерман.
“Одеднаш некој стана и рече:” Па, прекинете со тоа. Сега е премногу, барем во Сирија. “Ти благодарам, мајко Русија, за смирување на детето кое долго време немаше мир”, истакнува авторот на статијата.
Според него, рускиот одговор предизвика вчудоневиденост кај Израел, ама на земјата и`покажа”како може одговорно возрасно лице да се стави под контрола и смири”.
Впрочем, со децении Израел не се соочи со ваков “чуден феномен”.
Блумберг потсетува дека во пролетта, сегашните и поранешните израелски претставници се заканија дека ќе ги бомбардираат воздушните системи С-300, ако Русија им ги испорача на Сирија.
“Но сега гласовите на оние што зборуваа со празна пушка се смируваат”, забележува Леви.
Според мислењето на израелскиот новинар, секоја држава има право да поседува против-воздушна одбрана, вклучувајќи ја и Сирија, и никој со сила на друг не треба да му ја ускрати таа можност. Но, оваа едноставна вистина за израелските власти звучи како нешто нереално.
“Тие на суверенитетот на другите земји гледаа како нешто незначајно, а на своето како нешто нај свето. Тие неказнето ги спроведуваа своите акции во регионот, криејќи се зад вистински или замислени стравувања од националната безбедност. Но, ан сето ова неочекувано дојде руското “њет“ кое на Израел го врати во реалноста “, пишува дописникот на Хаарец.
“Ова се случи во многу добро и прикладно време кога Израел беше на седмото заради фактот што американската амбасада се пресели во Ерусалим и го намали финансирањето на UNRWA. Од Москва пристигна предупредување. Можеби малку равнотежа во ерата на опиеноста со сила ќе доведе до тоа Израел да порасне, да стане помудар и да се опорави. Покрај тоа, Русија може ненамерно може на Израел да му донесе добро, бидејќи сите овие луди години ја расипуваше поддршката што Израел ја добиваше од ова и поранешните администрации на САД “, вели Леви.
“Русија на светото му го покажа начин да на справување со Израел, користејќи го единствениот јазик што Израел го разбира. Нека оние кои навистина се грижат за доброто на Израел и правдата научат како се прави тоа – само со употреба на сила, пишува авторот на статијата.
“Според новинарот, Израел само кога е казнет и принуден да ги плати сметките, постапува правилно. Неговите воздухопловни сили повеќе пати ќе размислуваат пред да започнат уште едно бомбардирање на Сирија, чија важност, ако воопшто постои, е нејасна. Кога таквото руско “њет” би лебдело над небото на Газа, би се избегнале многу бескорисни смртни случаи и уништување. Доколку меѓународните сили ја отфрлеја израелската окупација, таа одамна ќе прекинеше. Наместо тоа, го имаме Доналд Трамп во Вашингтон и нереалните пресуди на ЕУ за деложацијата на населението на Кана Ал-Амар “, заклучува новинарот Хаарец Гидеон Леви.
Извор:Haaretz










