Следниот месец САД од блискиот исток ќе повлечат четири против-воздушни ракетни системи “Патриот”, кои ќе бидат испратени во САД за поправки и надградби, тврди The Wall Street Journal. Во иднина овие системи најверојатно ќе бидат искористени за потиснување на Русија и Кина. Преносот на ситемите Патриот е еден од најважните знаци дека Вашингтон своето внимание од Блискиот исток префрлува во насока Москва и во Пекинг, стои во статијата.
САД ќе повлечат дел од системот за противракетна одбрана на Блискиот Исток во октомври, потврдува Волстрит журнал, цитирајќи извори во американското Министерство за одбрана.
Информации за пренос на системот патриоти се појавија во позадина на изјавата на админсирацијата на Трамп за иранските закани.
Сепак, The Wall Street Journal вели дека Техеран не може да се спореди со американските сојузници во регионот, бидејќи нивните воздухопловни сили се посупериорни во однос на оние од Иран.
Според пишувањето на весникот, Пентагон има намера да повлече два ракетни системи “Патриот” од Кувајт, еден од Јордан и еден од Бахреин. Неименуваниот извор во Министерството за одбрана истакна дека нема планови за нивна замена.
Комплексите ќе бидат испратени во САД за поправка и модернизација. Во иднина, тие би можеле да бидат пренасочени на области каде што ќе се соочат со американските ривали на светската сцена, како што се Русија, а особено Кина, потврдува Волстрит Журнал.
Според американските официјални претставници, овој чекор ќе го намали одбранбеното ниво на американските сојузници на Блискиот Исток.
Трансферот на системот “Патриот”, што не беше кажано претходно, е еден од најважните знаци дека вниманието на Пентагон кон долготрајните конфликти на Блискиот Исток и Авганистан се префрла на Кина и Русија.