Рускиот борбен авион Су-35С пресретнал и идентификувал американски борбен авион Ф-22 “Раптор” кој летал над Сирија.
Фотографијата објавена на Инстаграм на 24 септември од страна на руски пилот, го потврдува престернувањето на американскиот Ф-22 “Раптор” од страна на рускиот Су-35С.
 
Фотографиите кои ги обезбедил од рускиот Су-35С инфрацрвен систем за надгледување, идентификација и насочување вго покажуваат во инфрацрвениот спектар го покажуваат летот на авионот “F-22” кој летал над Сирија.
Инфрацрвениот систем за надзор и следење на Су-35С, OLS-35 вклучува и инфрацрвен сензор, ласерски мерач на растојание, означување на цел и телекамер.
Овој систем за одредување на позиција на авиони во радиус од педесет километри е корисен за откривање на невидливи авиони, како што е F-22, на кратки растојанија.
OLS-35 вклучува термички истражувач, ласерски мерач на растојание и маркер со нови алгоритми и напреден софтвер кој ги надминува пред-инсталираните авиони Су-27 / Су-30
IRST кој го има Су-35 според радиусот, точноста и сигурноста подобар од системот OEPS-27. Но, инфрацрвениот систем за пребарување и следење на авионот IRST Су-35 не передставува чудотворен лек против невидливи авиони. Но, се покажа дека F-22 “Raptor” и не бил баш “невидлив“ како што се сметало.
OLS-35, како и другите IRST системи, не обезбедува квалитет на податоците за таргетирање и имплементација на оружјето. На пример, ако рускиот борбен авион Су-35 го открие Ф-22, руски пилот не може директно да ги користи податоците на ИРСТ за да ги насочи полуактивните, активните или пасивните ракети со кои располага. Можностите за ласерско осветлување генерално се средство за насочување на муниција на авиони на копнени цели, а не на оние во воздухот, пишува американскиот Одбранбен блог, кој го намалува значењето на овој настан.
Сепак, оваа информација, како што не беше потврдена од страна на руското Министерство за одбрана или Пентагон, треба да се земе со резерва.
Информациите се појавија откако на 13-ти септември 2018 година повеќенаменски борбени авиони од петтата генерација на Ф-22 , во време на пресретнување на рускиот стратешки бомбардер-Ту-95 во близина на Алјаска, се сретнал со рускиот авион Су-35.
Американските експерти, анализирајќи ја можноста за вистинска воздушна битка, изјавија дека американскиот Ф-22 има мали шанси да победи, и покрај фактот дека Ф-22 “Раптор” има особено остра борбена глава и е најдобар американски авион во оваа класа.
На која основа Американците излегоа со таков тажен заклучок?
Имено, стелт технологијата која се користи при изработката на “Raptor” е значајна и на авионот може да даде предност во водење на борба во далечина, ама целосна е бескорисна во блиска борба.
Рускиот борбен авион Су-35 има поголеми способности за маневрирање во блиска борба, што му дава голема предност над Ф-22 и остава мали шанси за преживување на американскиот авион од петтата генерација на борбени авиони.
Ова го изјавил американскиот пензиониран пилот полковник Дејвид Бурк, кој летал со Ф-22. Бурк рекол дека се обидувал да избегне блиска маневарска борба со непријателот за време на борбените мисии и препорачал да се избегнува директен конфликт со рускиот борбен авион Су-35.
Како аргумент во прилог на рускиот Су-35, експертите го посочија не само неговото супериорно оружје, туку отворената распределба на оружјето во надворешниот радиус.
Освен тоа, во современа блиска борба, рускиот Су-35, заради надворешното оружје има предност во однос на брзината на нивната примена.
Точката на “и” на овој своевиден “Реквием” за Ф-22 “Раптор”, ја стави стручњакот за воено воздухопловство, Џсстин Брок, кој заклучил дека војската треба да ја избегнува употребата на Ф-22 “Раптор“ и пресретнувач, а за ова мисија да користат постари и поевтини борбени авиони.
Зарем ова не е прилично суморен и песимистички заклучок за авион кој специјално е дизајниран за воздушни битки, а вредноста на “Raptor” F-22 е околу 150 милиони долари, додека нацртот на овој борбен авион до 2011 година проголтал 66 милијарди долари?
ВИДЕО – Појаснување на американските експерти за предностите и недостатоците на Ф-22 “Раптор” во споредба со Су-35С
[embedyt] https://www.youtube.com/watch?v=47GzIrYuiqM[/embedyt]
Извор:Defence Blog