Реставрирани турбето и џамијата Негуса, на кралот на Абесинија

0
424
Во Мекеле, град во северна Етиопија, заврши реставрацијата на турбето и џамијата на Негуса, кралот на Абесинија (сега Етиопија) и 15 гробови (мезари) на Асхаби, блиски пријатели на pratenikot Мухамед,a.с објави Агенцијата Анадолу (АА).
Реставрацијата на гробовите и турбето кои се наоѓаат во селото Негаш, била финансирана од Турската агенција за меѓународна соработка и координација (ТИКА).
Во соопштението на ТИКА се наведува дека проектот за реставрација на овие објекти уште повеќе ќе ја продлабочи соработката меѓу двете пријателски земји.
Се додава дека таквите проекти придонесуваат посебно на заедничките културни вредности.
Во изјавата се наведува дека обновените парцели, како и турбето на кралот Негуш, кој им обезбедиил засолниште на муслиманите кои во времето на пратеникот Мухамед, а.с., заради притсокот во Мекка, пребегнаа во Абесинија.
Во рамките на проектот, обновен е и патот што води од џамијата до турбоето а кој е познат како “патот на асхабите”.
ТИКА исто така изрази надеж дека овој проект ќе помогне да се промовира културниот и верскиот туризам во областа.