Во текот на трговската војна со САД, Кина штотуку го отфрли барањето американски воен брод да вплови водите на Хонг Конг.
Кинеската влада го отфрли барањето на морнарицата на САД за посета на Хонг Конг, тврди South China Morning Post, , цитирајќи го портпаролот на американскиот конзулат во Хонг Конг.
“Кинеската влада не го одобри барањето за впловување во пристаништето во Хонг Конг на воениот брод USS Wasp.. Имаме долгогодишно искуство со посетата на пристаништето во Хонг Конг и очекуваме да продолжиме да впловуваме”, изјавил портпаролот на американскиот конзулат.
Воениот брод USS Wasp се очекувало во Хонг Конг да застане следниот месец, објави Волстрит џурнал во вторникот, наведувајќи ги американските воени претставници под услов на анонимност.
Кинеското Министерство за надворешни работи одби да даде коментар за причината за одбивањето на одобрувањето на американскиот воен брод, соопштувајќи дека Кина го одобрува договорот пристаниште до пристаниште од случај до случај. Бродот е дел од групата со седиште во Сасебо, Јапонија, којдејствува во Индо-пацифичкиот регион.
Забраната доаѓа во време на трговска војна меѓу Кина и САД. Минатата недела, Вашингтон, исто така, одлучи да воведе санкции за единицата на кинеското Министерство за одбрана и нејзиниот директор за купување модерно руско оружје.
Како одговор на тоа, Кина го повика поморскиот командант кој ги посети САД и го одложи билатералниот воен состанок.
Пекинг, исто така, го повика американскиот амбасадор во Кина Тери Бранстада и американското воено аташе Дејвид Мензер за да го искаже протестот заради наметнатите санкции.
Пекинг соопшти дека САД немаат право да се мешаат во одбранбената соработка меѓу Кина и Русија и дека американските санкции сериозно ги повредуваат кинеско-американските воени односи, објави “Јужна Кина Морнинг”.
Извор: South China Morning Post











